Skip to main content
Хроника

Уапсен 34-годишнен тетовец – силувал малолетник

07/02/2025  11:03

Вчера во 11.10 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Х.(34)
од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово.

За случајот биле известени и вклучени Јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Р.Х. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.