Skip to main content
Хроника

Уапсен 32-годишник од Прилеп, бил баран со потерница за издржување затвор од една година и шест месеци

20/02/2025  12:32

Вчера во 14.20 часот на ул.„Трајко Николоски” во Прилеп, полицијата го уапсила 32-годишниот О.Т. од Прилеп.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година и шест месеци. Од МВР информираат дека бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.