
Вчера во 16.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода 29-годишниот А.И. од Радовиш.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.