Skip to main content
Хроника

Уапсен 27-годишен насилник кој нападнал две лица во различни периоди на подрачјето на Мичурин

17/09/2025  16:41

СВР Скопје расчисти две кривични дела, по што се поднесени две кривични пријави против едно лице.

Како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при Секторот за внатрешни работи расчисти две кривични дела.

Имено, по преземени оперативно – тактички мерки утврдено е дека Е.Ј.(27) од Скопје на 14.05.2025 на ул.„3 Македонска бригада“ физички го нападнал Р.Ж. од Скопје и му нанел тешка телесна повреда и дека на 23.05.2025 на ул.„Венјамин Манџуковски“ физички го нападнал А.П. од Скопје.

На 16.09.2025 против него се поднесени две кривични за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ по член 131 и „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор, информираат од МВР.