Skip to main content
Хроника

Уапсен 18-годишник од Неготино: На дива депонија на неколку места предизвикал пожар

22/02/2025  16:52

Вчера во 14.40 часот полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода 18-годишниот Т.И. од село Пепелиште, неготинско.

Тој се сомничи дека на дива депонија кај место викано „Штипско рамниште“, атар на село Пепелиште, на неколку места предизвикал пожар.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.