Skip to main content
Свет

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега

18/10/2025  20:21

Полскиот премиер Доналд Туск денеска на платформата Икс објави дека по вчерашните разговори на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа и со европските лидери, сосема е јасно дека солидарноста на Европа со Украина во борбата против руската „агресија“ денес е поважна од кога било досега.

Зеленски вчера рече дека клучните теми на разговорите во Белата куќа со американскиот претседател биле испорака на системи за противвоздушна одбрана (ПВО), ракети со долг дострел и можна средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, објави Укринформ.

Зеленски претходно изјави дека за време на средбата со Трамп било спомнато прашањето за ракетите Томахавк.