
Турскиот фудбалски четвртолигаш Агроспор се соочува со големи проблеми со играчкиот кадар поради скандалот со наместени натпревари во турскиот фудбал.
Тимот тренира со само седум играчи откако 17 беа суспендирани поради обвинувања за обложување, изјави потпретседателот на клубот Текин Јусан, цитиран од агенцијата Анадолија.
„Во моментов, нашиот менаџмент и тренерски персонал се побројни од играчите“, рече претседателот на клубот.
Јусан го опиша периодот како тежок за клубот и наведе дека Агроспор планира да го засили својот оскуден состав со играчи од младинскиот тим.
Скандалот со обложување го потресува турскиот фудбал со недели. Кон крајот на октомври, турската фудбалска Федерација обелодени дека 152 судии се осомничени за обложување.
Во Првата турска лига, досега се суспендирани 27 фудбалери, вклучувајќи неколкумина од гигантите Галатасарај и Бешикташ.
