Skip to main content
Хроника

Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар

23/07/2025  13:43

На 22.07.2025 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет, информира МВР.

Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.