Skip to main content
Свет

Турски брод оштетен во ракетен напад во Одеса

12/12/2025  19:59

Турски товарен брод беше оштетен денеска во ракетен напад во пристаништето Одеса, објави компанијата „Ченк Денизчилик“.

Бродот, кој превезувал камиони од турскиот град Карасу, бил погоден во пристаништето Чорноморск кратко по пристанувањето. Во нападот нема повредени, а на бродот избувнал пожар, кој сега се гаси со помош на противпожарни екипи и екипажот на бродот.