Skip to main content
Балкан

Турската мафија на удар – Грчката полиција уапси 20 лица 

28/12/2024  23:43

Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот криминал (ДАОЕ) извршија претреси во три куќи во центарот на Атина, при што беа уапсени 11 лица. Тројца од нив се приведени и обвинети за прекршување на законите за дрога и имиграција, објави весникот „Екатимерини“.

Во рамки на истата акција, полицијата изврши контрола во продавница за автоделови, каде беа проверени девет лица, 34 возила и голем број резервни делови.

Во Солун, полицијата упадна во пет куќи и уапси девет лица. Сите уапсени се изведени пред обвинител.

Акцијата е дел од засилените напори на грчките власти за пресекување на каналите за трговија со дрога и нелегална миграција.