Skip to main content
Хроника

Турска државјанка со фалсификуван швајцарски пасош се обидела да се качи на авион на Скопскиот аеродром

29/05/2025  13:50

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против Х.T.(47) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа’’.

На 23.05.2025 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавената на увид приложила фалсификувана швајцарска патна исправа.