Skip to main content
Македонија

Турчин се обидел да влезе во Македонија со лажна возачка дозвола

12/01/2026  19:53

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.К.(47) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 03.01.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола.