
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.У.(51) од с.Долно Палчиште, тетовско, Ј.И.(44) од с.Дебреше и А.М.(18) од с.Горно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
На 27.02.2025 во атар на с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги затекнале пријавените, кои учествувале со свои кучиња во борба со кучиња.