Skip to main content
Хроника

Тројца скопјани искасани од куче скитник

15/02/2025  14:09

На 14.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(50) од Скопје пријавил дека во с.Усје, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 14.02.2025 во 16.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.И.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Народни херои“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 14.02.2025 околу 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.П.(71) од Скопје пријавил дека во близина на реката Лепенец во Скопје, бил каснат од куче.