Skip to main content
Хроника

Тројца штипјани прво искористиле електрошок, па истепале едно лице

21/03/2025  17:42

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ц.(45), А.Ц.(19) и 16-годишник, сите од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 14.03.2025 пријавените, во ходник од станбена зграда во Штип, физички нападнале едно лице, при што употребиле електрошок“, се вели во соопштението.