Skip to main content
Хроника

Тројца Грци краделе парфеми од продажен објект во хотел на „Богородица“

13/09/2025  12:23

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против тројца грчки државјани, В.Б. (43), К.Б. (35) и П.Б. (44), поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.

Според информациите, на 12 септември 2025 година, во периодот од 10:40 до 11:15 часот, тие украле повеќе парфеми од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица. По извршената кражба, осомничените заминале со возило „Тоjота“, управувано од В.Б., додека другите двајца биле сопатници.

Во 21:30 часот истото возило било запрено на Граничниот премин „Богородица“, при што полициските службеници ги пронашле украдените предмети.

Тројцата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Гевгелија.