Skip to main content
Економија

Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“

27/10/2025  09:01

Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“,  ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија, со учество на креаторите на политики, експерти и бизнис-лидери од Западен Балкан.

Настанот е во организација на Women on Boards Adria (WOBA) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). 

Воведни обраќања ќе имаат Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во државава, Билјана Брејтвeјт, претседателка на WOBA, евроамбасадорот Михаилис Рокас, како и Тања Михајловска Димитриевска, главна амбасадорка на WOBA за Северна Македонија.

Клучните излагања ќе ги одржат Ирена Радовиќ, гувернерка на Централната банка на Црна Гора и основачка на Women on Boards Montenegro и Кармен Нитхамер, виша специјалистка за родова еднаквост во ЕИБ.