Skip to main content
Македонија

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

25/03/2026  20:54

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо.

Промената доаѓа по локалните избори, на кои Костовски не успеа да обезбеди пласман во вториот круг во трката за градоначалник на Куманово. По изборниот резултат, тој се дистанцираше од партиските активности во СДСМ.

Со назначувањето на Трифуновски, СДСМ прави кадровска промена во организацискиот дел, во период кога партијата се соочува со внатрешни предизвици и потреба од реорганизација.