Skip to main content
Македонија

Трибина „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата

05/06/2025  07:43

Во Медија центарот во Владата денеска ќе се одржи трибината „Кочани е нашиот приоритет“.

Како што информираат од владината прес-служба, на трибината ќе се обратат директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и генералниот директор на Црвен крст, Саит Саити.

Модератор на трибината ќе биде портпаролот на Владата, Марија Митева.