Skip to main content
Хроника

Три жени се тепале во станбена зграда во Чаир

29/09/2025  15:32

Три жени физички се пресметале во ходник во зграда во Чаир.

– На 28.09.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 64-годишната М.А. од една страна и 43-годишната З.С. и О.С. (22), сите од Скопје, од друга страна, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.