Skip to main content
Хроника

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

15/06/2025  09:47

Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата, потврди утрово за МИА, доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци. 

– Во една од сообраќајките, на патот  Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино – село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби, појасни докторот. 

Тој апелираше за внимателност, до сите учесници во сообраќајот, со цел поголема безбедност.

Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.