Skip to main content
Забава

Три рецепти за лесна и вкусна вечера: Нема да ви го оптоварат желудникот и нема да додадат несакани килограми

20/05/2025  22:16

Ви претставуваме три едноставни рецепти за лесна вечера што можете да ги подготвите брзо и без напор.

Ако сакате лесна, здрава и вкусна вечера што нема да ви го оптовари желудникот или да предизвика зголемување на телесната тежина, тогаш сте на вистинското место! Клучот за успешна исхрана лежи во изборот на хранливи материи што ќе ви дадат чувство на ситост, а истовремено ќе ви помогнат да ја одржите витката линија.

1. Протеинска салата со туна и зеленчук
Состојки: туна во сопствен сок, зелена салата, домат, краставица, бибер, маслиново масло, сок од лимон.

Начин на подготовка: Исечкајте го зеленчукот, додадете ја туната, зачинете и уживајте!

2. Омлет од белки со спанаќ и сирење
Состојки: 3 белки, малку спанаќ, сирење со ниска масленост, зачини.

Начин на подготовка: Изматете ги белките, додадете го сечканиот спанаќ и сирењето, а потоа испржете ја смесата на малку маслиново масло.

3. Крем супа од тиквички и брокула
Состојки: тиквички, брокула, малку кромид, лук, зачини.

Начин на подготовка: Сварете го зеленчукот, додадете зачини и изблендирајте сè во кремаста супа без да додавате павлака.

Овие вечери се лесни, богати со протеини и растителни влакна и ќе ве одржат сити!