Skip to main content
Македонија

Три пожари активни во Светиниколско

09/07/2025  19:29

Во Светиниколско во моментов има три пожари информира за МИА, градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Пожар има во село Делишнци, кај село Орел и во градот Свети Николе.

На терен се сите пожарникари, односно 17 колку што брои Територијалната Противпожарна единица, доброволците од Доброволното Противпожарно друштво во Свети Николе и месното население, кое е вклучено во гаснење на пожарот.

Владев вели дека на помош пристигнале и пожарникари од ТППЕ-Штип. Проблем претставува силниот ветар, кој во село Делишинци дува и 80 километри на час. Ова село во моментов е безбедно и гори сува трева, ниско стеблисти дрвја. Владев вели дека според првичните информации пожарите се настанати од искрење на жици.