
Кога температурите надминуваат 35 степени, последното нешто што го сакаме е да го вклучиме шпоретот. Затоа ладните супи се совршен избор – освежителни, заситувачки и брзи за подготовка.

Ова се три едноставни рецепти за супи/чорби кои се прават без готвење, директно од фрижидер.
Овие три супи се спас во тропските денови – тие се лесни, полни со вкус и се за неколку минути. Без готвење, без стоење над шпоретот и со состојки што обично веќе ги имате во фрижидерот.
1. Ладна супа од краставици и јогурт (таратор)
Состојки:
2 големи краставици
500 мл јогурт (по можност грчки)
1 чешне лук
2 лажици маслиново масло
една рака сецкани ореви (по желба)
сол, бибер и свеж копар по вкус
Подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги краставиците, потоа лесно посолете ги и оставете ги да се исцедат. Исцедете ги и измешајте ги со јогурт, ситно сечкан лук, копар и маслиново масло. За дополнителен вкус, додадете ситно сечкани ореви. Оставете ја чорбата темелно да се олади пред сервирање. Доколку сакате, можете да додадете и неколку коцки мраз непосредно пред сервирање.
2. Андалузиско гаспачо
Состојки:
4 големи зрели домати
1 црвена пиперка
1 краставица
1 мал црвен кромид
1 чешне лук
2 лажици вински оцет
3 лажици маслиново масло
сол и бибер по вкус
малку леб (по желба, за згуснување)
Подготовка:
Измијте ги сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер. Додадете маслиново масло, оцет, сол и бибер. Доколку сакате, можете да додадете неколку стари коцки леб за да ја направите чорбата погуста. Блендирајте додека не добиете мазна смеса. Оставете во фрижидер најмалку еден час. Сервирајте ладно, со лист од босилек или малку маслиново масло одозгора.
3. Ладна супа од авокадо и лимета
Состојки:
2 зрели авокада
300 мл ладна вода или растително млеко (кокосово, бадемово)
сок од една лимета
1 чешне лук
сол и бибер по вкус
свеж коријандер или магдонос (за декорација)
Подготовка:
Исечете го авокадото, извадете ја семката и отстранете го месото со лажица. Ставете во блендер со вода или растителна основа, сок од лимета, лук, сол и бибер. Блендирајте додека не добиете мазна смеса. Оладете пред сервирање и декорирајте со листови свеж коријандер или магдонос.