Вчера во основно училиште во Загреб се случил насилен инцидент, по кој во школото била повикана полицијата, јави „Индекс“.
Како што неофицијално дознава порталот, тројца ученици од седмо одделение нападнале нивни врсник, по што во еден момент почнале да го гушат со некаков предмет. За среќа, била спречена ескалација на инцидентот, во кој нема позначајни повреди. Полицијата била повикана во училиштето.
Од полициската управа во Загреб потврдија дека нивната истрага за овој случај е во тек.
„Полицијата води истрага во соработка со други надлежни институции. Станува збор за сомнение за врсничко насилство“, велат од загрепската полиција за Индекс, нагласувајќи дека станува збор за деца кои не се кривично одговорни поради нивната возраст, што значи дека се под 14 години.
„Откако ќе ги собереме сите релевантни информации, ќе го известиме надлежното општинско државно правобранителство“, додаваат од полицијата.
Хрватска е сè уште под траумата од страотното насилство кое се случи минатиот месец, кога тинејџер упадна во основно училиште во Загреб и со нож уби седумгодишно момче и рани неколку други деца и наставничка која се обидела да го спречи.