Skip to main content
Балкан

Три лица застрелани, неколку повредени во вооружен напад во Гњилане, во Косово

10/08/2025  19:53

Три лица се убиени, а неколку се повредени во пукотница што се случила попладнево во Гњилане, објавија косовските портали, повикувајќи се на полициски извори.

Косовската полиција првично објави дека смртта на две лица е потврдена на местото на настанот, на улицата Ибрахим Ругова, и дека двајца од повредените се згрижени во локалната амбуланта.

Болницата во Гњилане соопшти дека смртта на едно лице е потврдена на лице место, а дека уште две лица се префрлени во итната помош без знаци на живот, објави порталот „Косово онлајн“.

„Уште едно лице е во Клиничкиот центар, а друго е примено на Ортопедија. Не можеме да ја опишеме ситуацијата, но ќе видиме дали нешто ќе се промени во одреден момент“, изјави Кудрет Реџепи од канцеларијата за медиуми во болницата во Гњилане, објави приштинска „Коха“.

Осомничен за убиствата е Мефаиљ Шкодра, по кого полицијата распиша потерница и побара помош од граѓаните за да го пронајдат.

Медиумите набрзо објавија фотографија од Шкодра во друштво на косовската претседателка Вјоса Османи, нејзиниот сопруг Приндон Садриу како и со премиерот Албин Курти.