Skip to main content
Скопје

Три лемурчиња се родија во скопската ЗОО

01/04/2025  19:28

Во Скопската зоолошка градина се родиле бебиња лемури. Мајката лемур добила близначиња, додека друга мајка добила едно лемурче, соопштуваат од ЗОО Скопје.

– Повторно крајот на март ни донесе феномен кој се јавува кај мајките лемурки, добивме пар близначиња. Дополнително уште една лемурка стана мама. Инаку кај овој вид на животни владее матријархат, односно жената е главна, па ништо поразлично не е и во нивното живеалиште во Скопје ЗОО, соопштија од скопската Зоолошка. 

Зоолошка градина Скопје ќе продолжи да работи на конзервација и покревање на свеста за зачувување на овој вид, додаваат оттаму.