Skip to main content
Спорт

Три години затвор за братот на Пол Погба за обид за изнуда

20/12/2024  08:31

Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски фудбалски репрезентативец Пол Погба (31), Матијас Погба, се осудени на затворски казни од три до осум години, откако судот ги прогласи за виновни за обид за изнуда.

Случајот датира од 2022 година кога Пол Погба обелодени дека бил цел на обиди за изнуда и закани од организирана банда негови пријатели од детството, чиј член е и неговиот брат. Погба тогаш го извести парискиот обвинител дека на групата и платил 100.000 евра.

Судот на Матијас Погба му изрече казна затвор од три години, од кои две условно, прогласувајќи го виновен за организирана изнуда и обид за изнуда.

Другите членови на организираната криминална група, Рушдан К., Бубакар С., Машикоур К., Мамаду М. и Адама Ц. се осудени на вкупна затворска казна од 26 години.