Skip to main content
Хроника

Три девојчиња претепале 15-годишна врсничка во Аеродром, едната користела тврд предмет

01/11/2025  15:39

15-годишно девојче било физички нападнато од три други малолетнички во скопската општина Аеродром. Случајот во полиција синоќа го пријавила нејзината 57-годишна мајка.

Според пријавата, напаѓачките ѝ биле познати на нејзината ќерка, а една од нив при нападот употребила и тврд предмет. За настанот е известен и јавен обвинител.

„На 31.10.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, М.С.(57) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички кои ги познавала, од кои едната употребила тврд предмет. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“