
Шумскиот пожар во близина на Измир во Турција не стивнува веќе трет ден, пожарот се шири кон станбените области, граѓаните од пет села и две населби се евакуирани, едно лице е спасено од пламенот, а повеќе од 20 лица се примени во болница поради задушување од чад.

Турски медиуми јавуваат дека од погодените области евакуирани се околу 50.000 луѓе.
Голем број пожарникари се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, објави „Сабах“.
При гаснење на пожари, интервенцијата се врши од воздух и од копно.