Skip to main content
Економија

Трендафилов: Верувале или не, платите растат, ама не на работниците

10/06/2025  19:45

Споделувајќи ја на Фејсбук најново објавената одлука во Службен весник, со која платата на функционер избран од Владата е зголемена за 13,8 проценти, Трендафилов пресмета дека на овој начин коефициентот од 2,24 се зголемува на 2,55, или точно онолку колку што има предвидено средства во буџетот за раст на платите оваа година.

Ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6 проценти согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8 проценти на платата на функционерите, веројатно исто така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува (друго образложение нема), порача Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Споделувајќи ја на Фејсбук најново објавената одлука во Службен весник, со која платата на функционер избран од Владата е зголемена за 13,8 проценти, тој пресмета дека на овој начин коефициентот од 2,24 се зголемува на 2,55, или точно онолку колку што има предвидено средства во буџетот за раст на платите оваа година.

-Ако се има предвид дека основица за пресметка на плата на избрани и именувани е просечната плата за претходната година, тогаш моите скромни познавања од математика велат дека: 41.239 ден. x 2,24 = 92.375 денари, а 41.239 денари х 2,55 = 105.159 денари. Тоа значи дека избраните владини функционери ќе добијат разлика од 12.784 денари со зголемувањето на платата од 1 јуни 2025 година, или раст од 13,8 проценти – објави Трендафилов.

Претседателот на ССМ констатира дека секој заслужува зголемување на платата, но работниците заслужуваат повеќе од функционерите, а ако нема за зголемување на платите на работниците, како има за зголемување на платите на функционерите?