Skip to main content
Економија

Трендафилов: Го чекам Мицкоски во понеделник да го потпишеме Колективниот договор

30/01/2026  12:54

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска го повика премиерот Христијан Мицкоски во понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и таму да го потпишан Колективниот договор.

„Да дојде во ССМ, да се потпише Договорот со кој ги зголемува платите на сите вработени за 40% како што пишува во соопштението на Владата. И исто така, минималната плата наместо од 2028 година да ја зголемиме од февруари 2026 година. Го чекаме“ рече Трендафилов.

Првиот синдикалец најави и блокади од идната недела, а прва блокада ќе биде Собранието, додавајќи дека работниците бараат минимална плата од 600 евра сега, а не во 2028 година.