Skip to main content
Економија

Тренчевска: Буџетот за 2026 е индикатор дека власта се подготвува за предвремени избори, а не за економски  развој

20/01/2026  14:25

Соопштение за јавност на СДСМ:

Буџетот за 2026 година е јасен показател дека власта се подготвува за предвремени парламентарни избори, а не за развој на економијата, нагласи  потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Јована Тренчевска во интервјуто во емисијата „360 степени”.

Тренчевска посочи дека структурата на буџетот покажува дека станува збор за предизборен и потрошувачки буџет, без сериозни капитални инвестиции.

„Носењето на буџетот е еден силен индикатор дека овој буџетот за 2026 година е буџет којшто е скроен за предизборна година, буџет којшто е празен во кој што имаме само сервисирање. Нема пари”, рече Тренчевска.

Притоа, Тренчевска додаде дека во буџетот доминираат тековни трошоци, додека капиталните инвестиции се на минимално ниво.

„Само 9% од целиот буџет е за капитални инвестиции,што  укажува дека е буџет којшто ќе трае најмногу девет месеци”, рече Тренчевска.

Таа додаде дека вака скроениот буџет не може да обезбеди фискална стабилност ниту економски раст.

„Не може да биде буџет за фискална консолидација. Буџет којшто нема капитални инвестиции, кога тоа е потрошувачки буџет, не е развоен буџет. Ако немате капитални инвестиции, ако 9% од вкупниот буџет се капитални инвестиции, вие не сте насочени кон развој на економијата”, посочи Тренчевска.