
Македонските велосипедисти добија прва мобилна апликација која има за цел да им помогне и поедностави патувањето со велоспиед низ градовите и надвор од нив.
Апликацијата Travelers Cycling Македонија е целосно непрофитабилна и единствена цел и е да ги мотивира луѓето што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство, со што би се зголемила сообраќајната култура, би се намалил сообраќајниот метеж по улиците, а како резултат на тоа би се намалило и самото загадување на воздухот.
„Апликацијата нуди мапирање на велосипедски патеки, паркинзи, сервисни пумпи, како и локација на агресивни групи кучиња. Апликацијата нуди и совети и препораки за купување нови велосипеди и сервисирање на постојните“ вели во изјава за 24Инфо Бојан Манески креатор на апликацијата.

