Skip to main content
Свет

Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва

15/07/2025  21:20

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не треба да ја таргетира руската престолнина Москва.

Изјавата на Трамп доаѓа откако „Фајненшл тајмс“ објави дека американскиот претседател неодамна го прашал Зеленски дали Украина планира да ја таргетира Москва ако САД испорачаат оружје со долг дострел. Иако Белата куќа не ги коментираше наводите на британскиот весник, Трамп денес јасно им кажа на новинарите дека не поддржува таков потег.

-Не сум на ничија страна – само сакам да се запре убивањето, додаде Трамп.