
Американскиот претседател Доналд Трамп моментално е во посета на Јапонија како дел од својата азиска турнеја. Покрај потпишувањето трговски договори, Трамп привлече внимание поради танцувањето со војници во американска база и кршењето на протоколот за време на состанокот со премиерот на земјата, Санае Такаичи.
Трамп ќе помине една недела на турнејата, а веќе ги посети Малезија и Јапонија. Во Јапонија, тој ја посети и базата на американската морнарица, каде што се забележа неговиот танц со војниците, што предизвика внимание во јавноста и медиумите.

