
Откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро за време на викендот, претседателот Доналд Трамп и неговата администрација испратија низа предупредувања до Колумбија, Куба, Мексико, Иран и Гренланд, автономна територија на Данска, јавува CNN.
„Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата е дозволено слободно да тече“, рече Трамп.
„Американската доминација на Западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање“, додаде тој. За Гренланд, Трамп истакна дека е „стратешки важен од перспектива на националната безбедност“ и дека Данска сама не може да го обезбеди. Трамп го нападна и колумбискиот претседател Густаво Петро, опишувајќи го како „болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава на САД“. На прашањето за можна интервенција, тој рече: „Тоа ми звучи добро“.
Во однос на Куба, Трамп оцени дека „не е потребна акција“ бидејќи земјата „сега нема приходи“ од венецуелската нафта. За Мексико, Трамп повтори дека дрогата „се излева“ низ земјата и дека „Мексико мора да се собере“. Иран, каде антивладините протести се продолжуваат, Трамп предупреди: „Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека САД ќе ги удрат многу силно“.
