Skip to main content
Свет

Трамп со ултиматум: За 10 дена од денес Русија да ја запре војната

30/07/2025  08:32

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека крајниот рок за Русија да ги запре непријателствата во Украина, во спротивно ќе се соочи со нови казни, истекува за десет дена од денес.

„Десет дена од денеска“, им одговори Трамп на новинарите кога го прашаа за прецизниот датум.

Трамп, при враќањето од Велика Британија во Вашингтон, претходно најави дека го скратува првичниот рок од 50 дена на период помеѓу 10 и 12 дена, но неговите последни забелешки навестуваат јасен и конечен датум, кој е кон крајот на следната седмица.

Трамп изјави дека нема добиено никаков одговор од Путин во врска со неговата закана. „Не добив никаков одговор. Штета е“, рече тој.

„Ќе воведеме тарифи и слично“, изјави тој, додавајќи: „не знам дали тоа ќе влијае на Русија бидејќи очигледно тој сака да ја продолжи војната“.