
Доналд Трамп денеска за Аксиос изјави дека лично треба да биде вклучен во изборот на следниот ирански лидер, посочувајќи дека синот на убиениот врховен лидер не е прифатлив за него.
„Синот на Хамнеи ми е неприфатлив, објави 4news.mk Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, рече Трамп во интервјуто за Аксиос.
„Морам да бидам вклучен во именувањето, како што беше случајот со Делси во Венецуела“, нагласи Трамп.
Делси Родригез е привремена претседателка на Венецуела, откако американските сили го уапсија претседателот Николас Мадуро.
Али Хамнеи, кој управуваше со земјата од 1989 година, беше убиен во напад во саботата, на почетокот на израелско-американската офанзива.
Неговиот син, Модџтаба Хамнеи, е меѓу кандидатите за негов наследник и се смета за една од највлијателните личности во Исламската Република.
За оваа позиција, традиционално резервирана за верско лице, се споменува и името на Хасан Хомеини, внук на ајатолахот Рухолах Хомеини.

