Skip to main content
Свет

Трамп се закани со царини од 200% за француски вина

20/01/2026  11:53

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека има намера да воведе 200 проценти царини за француски вина и шампањ, како дел од пошироката закана за царини за европските земји кои се противат на неговиот план за Гренланд.

„Ќе воведам 200 проценти царини за француски вина и шампањ, а (францускиот претседател Емануел) Макрон ќе се придружи на мировниот совет“, изјави Трамп пред новинарите, пренесува Ројтерс.

Макрон вчера изјави дека Франција „нема намера позитивно да одговори во оваа фаза“ на понудата за учество во мировниот совет.