Skip to main content
Свет

Трамп: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд

21/01/2026  18:11

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да употреби сила за да ја преземе контролата врз Гренланд.

Овој став го истакна во воведниот говор на светскиот економски форум во Давос. Инсистираше дека на САД им е потребна сопственоста врз големата арктичка територија заради воспоставување систем за ракетна одбрана и меѓународна безбедност. 

„Не можете да го браните со лизинг“, рече Трамп.

Само САД „се во позиција да можат да го обезбедат Гренланд“, им рече тој на лидерите во Давос.

Тој рече дека „бара итни преговори за повторно да разговараат за стекнувањето на владение врз Гренланд од страна на САД“.

За време на високиот собир во швајцарското алпско одморалиште Трамп има испланирано голем број состаноци за Гренланд.