
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на европските сојузници во НАТО дека САД ќе помогнат во нивната одбрана во случај на руски напад.
На новинарско прашање дали ќе „помогне во одбраната на Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата“, Трамп одговори: „ќе го сторам тоа“.
Сојузниците на НАТО треба да се состанат на почетокот од следната недела откако Естонија побара консултации според Член 4 од договорот на алијансата во врска со пријавените руски нарушувања на нејзиниот воздушен простор во петокот.
Според естонската војска, три руски борбени авиони влегле во воздушниот простор на земјата без овластување 12 минути. Русија ги отфрли овие обвинувања.
Недела претходно, ноќта меѓу 9 и 10 септември, полската војска во соработка со НАТО сојузниците соборија 19 руски дронови кои влегоа во воздушниот простор на Полска.
Трамп тогаш изјави дека упадот на руските беспилотни летала „можеби е грешка“.