Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 1.500 лица обвинети во врска со упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
„Очекуваме да излезат вечерва. Го очекуваме тоа“, рече Трамп.
Претседателот рече и дека на шестмина обвинети ќе им бидат намалени казните.
Помилувањето на овие обвинети е исполнување на едно од неговите предизборни ветувања, имено да им помогне на неговите поддржувачи кои беа обвинети и затворени во врска со упадот на Капитол, чија цел беше да се спречи потврдата за победата на Џо Бајден во претседателските избори во 2020 година, јавија американските медиуми.
Некои федерални затвореници кои отслужуваат казни поврзани со настаните од 6 јануари може да бидат ослободени во истиот ден.
Според Трамп, многу од скоро 1.600 лица обвинети во врска со нападот биле третирани неправедно од правосудниот систем. Тој ги нарече „заложници“.
„Ќе ги ослободиме нашите големи заложници, кои, во голема мера, не направиле ништо лошо“, рече Доналд Трамп.