Skip to main content
Свет

Трамп: Планираниот втор бран на напади врз Венецуела е откажан

09/01/2026  15:25

Планираниот втор бран на напади врз Венецуела е откажан. Американскиот претседател рече дека оваа одлука следува по согласноста на Каракас за соработка.

Според него САД и Венецуела добро соработуваат, а „големите нафтени“ компании ќе вложат најмалку 100 милијарди долари.

Трамп ослободувањето на голем број политички затвореници го оцени како знак на „потрага за мир“.

– Ова е многу важен и паметен гест. САД и Венецуела добро соработуваат, посебно кога станува збор за обнова, во многу поголем, подобар и помодерен облик, на нивната нафтена и гасна инфраструктура. Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, што изгледа нема да е потребен, но сите бродови ќе останат на место поради безбедност, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Тој претходно во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ (Fox News) најави дека венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо следната недела ќе го посети Вашингтон.