Синот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, ги поврза разорните пожари во Калифорнија со испраќањето на противпожарна опрема во Украина.
„Ох, погледнете, се разбира, противпожарната служба на Лос Анџелес донираше дел од своите залихи на Украина“, напиша Трамп Џуниор на социјалната мрежа X.
Во Калифорнија моментално беснеат четири големи пожари, кои веќе однесоа пет животи, а неколку луѓе се повредени. Во средата, противпожарната служба соопшти дека шумски пожар, поттикнат од силни ветрови, избувнал во западниот дел на округот Лос Анџелес, во област каде живеат околу 27.000 луѓе. Почетната површина на пожарот беше повеќе од три квадратни километри, но пожарот брзо се прошири поради силните налети на ветерот.