Skip to main content
Свет

Трамп: Многу брзо ќе има целосен прекин на огнот во Украина, а потоа и договор за територијална поделба

21/03/2025  21:46

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да се договори за целосен прекин на огнот во Украина, објави Си-Ен-Ен.

Во изјавата за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи „договор“ за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.

-Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде, рече Трамп, кој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.