Skip to main content
Свет

Трамп ја прекинал средбата со Зеленски и европските лидери за телефонски разговор со Путин

18/08/2025  23:56

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин оствариле телефонски разговор во текот на средбата во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознаен со случајот.

Според истиот извор, Европејците не биле присутни за време на разговорот меѓу Трамп и Путин. Европски функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека Трамп ги прекинал преговорите со европските лидери и Зеленски за да му се јави на рускиот претседател.

Веста првично беше објавена од германскиот весник Билд, кој пренесе дека дискусиите со европските лидери продолжиле по завршувањето на телефонскиот разговор со Путин. Информацијата подоцна беше потврдена и од „Ројтерс“ преку нивни извори.