
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „срамна“ одлуката на Врховниот суд на САД да ги поништи неговите царини, јави Би-Би-Си.
Тој ја изнел забелешката на состанок со државните гувернери, но сè уште нема официјална реакција од Белата куќа.
Со одлука од 6 спрема 3 гласа, судот го блокираше користењето на законот за вонредни овластувања за воведување еднострани царини за поголемиот дел од трговските партнери на САД, нанесувајќи удар на една од клучните економски политики на Трамп, која тој ја нарекува „живот или смрт“ за американската економија.

