Skip to main content
Свет

Трамп ја доби наградата за мир на ФИФА

05/12/2025  19:43

Доналд Трамп стана првиот добитник на нововостановената Награда за мир на ФИФА. Тој ја прими наградата на свечена церемонија во центарот „Кенеди“ во Вашингтон, одржана во пресрет на ждрепката за групите на Светското фудбалско првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

„Ова е навистина една од најголемите почести во мојот живот. Спасивме милиони животи. Во Конго, на пример, починаа 10 милиони луѓе, а уште толку ќе умреа за кратко време. Истото ќе се случеше и во Индија и Пакистан. Запревме некои војни пред воопшто да почнат. Светот денес е побезбедно место“, изјави Трамп.

Трамп често нагласува дека ставил крај на повеќе конфликти откако се вратил во Белата куќа и редовно ја критикува Нобеловата комисија затоа што, според него, не ја препознава неговата улога и не му ја доделува Нобеловата награда за мир.