Skip to main content
Свет

Трамп: Испраќаме болнички брод кон Гренланд

22/02/2026  10:28

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека, заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, се согласил да испрати болнички брод на Гренланд, данска територија за која тој постојано повторува дека сака да ја анектира кон САД.

Трамп го објави овој потег на социјалните мрежи, непосредно пред вечерата со републиканскиот гувернер во Белата куќа.

Сепак, многу работи остануваат нејасни. „Не знаеме зошто Доналд Трамп го објавува ова сега. Не знаеме што мисли со тоа. Не знаеме дали болничкиот брод е всушност на пат кон Гренланд“, вели Јакоб Крог, дописник за данската државна телевизија во САД.

Министер за одбрана: Не знаеме ништо за тоа. Нема потреба од здравствена интервенција

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска нема сознанија за болнички брод што се упатува кон Гренланд. Тој исто така нагласи дека жителите на Гренланд ја добиваат целата потребна здравствена заштита.